На првото издание од Меѓународниот натпревар по кореографија „Икс Денс“ што од 16-ти до 21-ви јуни се оддржа во Струга, КУД „Дримкол“ во Вевчани ја доби наградата Градн При од стручното жири, пренесува „МТВ“.
Меѓу лауреатите се и балерините Ангела Богатинова и Олга Серафимова од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје, ансамблот „Ново Поколение“ од Русија, ансамблот „Тумар“ од Казахстан.
Инаку, на натпреварот учествуваа млади талентирани танчери, балерини и играорци од повеќе земји кои се натпреваруваа во класичен балет, современ балет, фолклор, народно сценски танци итн.
OhridNews
фото:„Мега продукција“