Дојавата за подметната бомба, поради која попладнево околу 14 часот беа евакуирани вработените од зградата во која се наоѓаат просториите на министерството за економија, била лажна, соопштија надлежните институции.

По пријавата, екипи за антитероризам на полицијата извшија проверка на просториите на министерството, при што било утврдено дека не постои опасност.

Инаку, пријавата била доставена телефонски до весникот „Дневник“ од страна на анонимна жена.

OhridNews