Полуфиналистот во Лигата на Европа, Ливерпул го суспендираше на неодредено време дефанизивецот Мамаду Сако кој бил позитивен на допинг тест, најверојатно по еден од дуелите со Манчестер Јунајтед.


На адреса од клубот стигнал допис од УЕФА во кој бил позитивниот допинг тест од францускиот интернационалец кој по доаѓањето на Јирген Клоп на клупата играчки се препороди.

Дефанзивецот ќе биде надвор од терените се додека трае истрагата, а ќе мора до УЕФА до испрати и Б примерок по кој и дефинитивно ќе се знае исходот.

Со сигурност британските медиуми тврдат дека Сако ќе го пропушти Европското првенство кое ќе се одржи летово во Франција.

OhridNews