Обновено: Локализиран пожарот во Варош, спречена поголема катастрофа
29.11.12 09:46
Пожарот кој утрово изби во куќа во стариот дел од градот е локализиран. Противпожарните екипи сеуште се на терен и го гаснат пожарот, но спречено е негово понатамошно ширење.
Како што информираат од Противпожарната служба, и покрај тешкиот пристап затоа што објектот бил лепенка со уште четири до пет куќи, екипите успеале да го локализираат пожарот и да спречат да зафати и дел од останатите куќи. Во пожарот во целост е уништена кровната конструкција и поголемиот дел од објектот.
Местото на настанот го посети и градоначалникот Александар Петрески, кој вети дека локалната самоуправа ќе направи напори да помогне при санирањето на направената штета.
Пожарникарите спасија поголема катастрофа
Пожарот изби утрово околу 9 часот и 20 минути. Во гаснењето учествуваа четири екипи од Противпожарната служба и 20 пожарникари.
Првичните информации говорат дека пожарот избил поради неисчистен оџак.
Меѓународниот трговски бренд SPAR денес ги отвори вратите за охриѓани Со свеченост на која присуствуваа менаџерскиот тим, вработени и бројни граѓани беше отворен првиот маркет на SPAR во Охрид лоци...
Денес, 14 октомври, во 14 часот, во Охрид мол ќе биде отворен првиот SPAR маркет во Охрид Со новото продажно место, меѓународниот трговски бренд ја продолжува својата експанзија во Македонија, каде...
ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 16102026 год(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од УЗ3 и УЗ4: населби Кошишта, Воска и...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.