Како што информираат од Центарот за управување со кризи, сите пожари на територијата на Република Македонија во текот на изминатата ноќ се локализирани.
Денес, околу 9 часот реактивиран е единствено пожарот кај Мариово, село Витолиште, место викано Орлова Вода, на мала површина.
На местата каде што се локализираните пожари дежураат екипи поради контрола на теренот и превенција од повторно реактивирање.












