Со зголемено темпо продолжува уредувањето и чистењето на локалните улици низ Општина Дебарца, информираат од Локалната самоуправа.
Надлежните обласнуваат дека акцијата се спроведува во пресрет на зимата со цел да не дојде до прекин на сообраќајот поради паднатите гранки од тежината на снегот, како што било во изминатите години кога, како што се наведува во соопштението, „претходната локална власт ги остави жителите на селата на милост и немилост отсечени од светот“.
-За да не се повтори таа ситуација ЈПК Дебрца со поддршка на Градоначалникот Игор Трајкоски вложија напори за решавање на овој проблем. Акцијата продолжува во континуитет низ цела Дебарца.-велат од општина Дебарца.
Реагираа од ОО СДСМ – Дебарца, од каде наводите изнесени во известувањето од кабинетот на градоначалникот на општина Дебарца ги отфрлаат како невистинити.
– Во врска со чистењето на снегот во зимските услови на што алудираат од општината во изнесената невистина да ги потсетиме дека претходната локална власт и покрај големата територија на општината и подрачја со изразито екстремни зимски услови повеќе од успешно се справуваше со овој проблем. Ниту едно село, дури и најоддалечените не беа отсечени од светот, туку навреме беа исчистени патиштата. Најголем проблем секогаш беше регионалниот пат Ботун-Белчишта-Лешани-Велмеј, чие чистење беше во надлежност на ЈП Македонија пат, односно централната власт. – стои меѓу другото во реакцијата. Во неа уште се наведува дека зимската сезона е на прагот, а сеуште не е донесена Оперативната програма за дејствување во зимски услови, ниту е распишан тендер за избор на економски оператор кој ќе ги врши услугите за зимско одржување на патиштата во општина Дебарца.
OhridNews