СДСМ уште еднаш покажа силно, одлучно, одговорно и државничко однесување, покажа дека е локомотива на напредокот во државата. Темелот на новата политика, промените и новата енергија се обезбедени. Први сме во промените, во вредностите. СДСМ е носител на новото време, рече вечерва лидерот на партијата Зоран Заев по завршувањето на 26. конгрес и првата седница на Централниот одбор за избор на раководни органи и тела на партијата.

Силна волја за успешен почеток и завршување на преговорите со ЕУ, добри меѓуетнички и добрососедски односи, се само дел од агендата. Ве уверувам дека наредните четири години СДСМ ќе биде одговорна сила која носи државнички одлуки, истакна Заев.

Секретар за меѓународна соработка е Бојан Маричиќ.
Денеска СДСМ одржа успешен 26. изборен конгрес, а веднаш потоа ја одржа и првата седница на новоизбраниот Централен одбор. Направивме многу во изминатите четири години и постигнавме значајни успеси – државата ја исправивме на прав пат, на патот на евроинтергациите, челенството во НАТО, обезбедивме иднина, стабилност, интегритет и гордо го штитиме идентитетот. Економијата е стабилна, реформите во правосудството даваат резултат и секојдевно расте довербата во правдата, потенцира Заев.

Новиот состан на ЦО е доказ дека СДСМ продолжува да се менува. Поставуваме нови стандарди во политичкото дејствување. Овој состав е нова свежина, гарант дека промените во СДСМ не се случајни и стихијни, туку дека се континуитет со кој уште попосветено им служиме на граѓаните и државата. Тимот што победува не се менува, туку го надградува победничкиот менталитет. Таква особина имаат државотворните партии како што е СДСМ. Изгласен е предлогот за партиско освежување на Централниот одбор, две третини се нови лица. Составот е спој на искуството и нова енергија, содржи контуниитет и нови лица. Со ова правиме значајно освежување на најзначајниот орган, но го задржуваме искуството. Од 120 членови на новиот ЦО 60 се жени и 60 мажи, целона родова еднаквост. Млади се вкупно 45 члена или 37,5 проценти што е највисок процент во која било партија во државата, нагласи Заев.
Тој подвлече и дека има припадници од сите етнички заедници, што ја прави партијата уникатна.

На новинарско прашање за неговата заменичка Лукаревска, Заев напомена дека со нејзиниот избор СДСМ испраќа силна и недвомсилена порака дека гради човечки капацитет, но ја запазува и родовата еднаквост, дела ги вреднува младоста и квалитетот.
Уверен сум дека високата поддршка што ја доби Лукаревска ќе биде доволем мотив да одговори на предизвиците што ги носи партиската должност, потенцира лидерот на СДСМ.
OhridNews












