Македонската државјанка Д.О., која утрово загина во сообраќајна несреќа во близина на населбата Аплонија во туристичкиот албански центар – Драч, е од Дебар.

Ова се најновите информации по верифицирањето на податоците на жртвата од страна на надлежните албански служби.

Жената престојувала на годишен одмор со своето семејство и била тешко повредена кога автомобил со албански регистарски таблички управуван од албански државјанин удрил во неа. Веднаш им подлегнала на повредите.

Во првичните информации беше соопштено дека таа има 35 години, но според најновите податоци на албанската полиција, загинатата жена имала 43 години.

OhridNews