Луксузниот италијански брод „Коста Конкордија“ во петокот вечерта се насука неколку стотини метри од брегот на западна Италија во близина на островот Џилја. Причините за несреќата се уште се испитуваат, но се претпоставува дека најверојатно се работи за човечка грешка или за дефект во електронскиот систем кој ги дава параметрите на курсот на бродот. Црните кутии се пронајдени и се предадени на судските органи. Црните кутии од крузерот на кој се превезувале над 4000 патници и членови на екипажот се пронајдени и испратени на вештачење.
Италијанските власти досега ја потврдена смртта на три лица, а околу 40 се сметаат за изчезнати.
Спасувачките екипи извадија тројца преживеани од внатрешноста на насуканиот брод, еден член на екипажот и корејски пар.
Капетанот на бродот Франческо Скетини е приведен од полицијата, а италијанското Обвинителство почна истрага по обвинение за небрежност, причинување штети и непромислено убиство. Ако се докаже дека тој е виновен може да биде осуден на 10 години затвор.
Патниците кои го преживеаа кошмарот на Коста Конкордија го обвинуваат екипажот и персоналот на бродот, кој главно бил составен од Азијци, за непрофесионализам.