Најдобриот фудбалер во Европа, Лионел Меси ќе паузира од седум до осум недели после повредата на левото колено. Меси повредата ја доби на мечот во Ла Лига меѓу Барселона и Лас Палмас во 9-та минута од мечот.
По првите лекарски прегледи му се предвидуваше пауза од три недели, но деталните покажаа посериозна повреда и подолга пауза.
Фудбалерите на Барселона и без помошта на Меси се справија со Лас Палмас победувајќи 2-0 со двата голови на Луис Суарез.
Отсуството на Меси сигурно ќе биде хендикеп за тренерот Луис Енрике кој делуваше многу загрижувачки кога Аргентинецот ја напушташе играта.
Мх.П.











