Гласачко место 1906 село Лабуништа, општина Струга, забележани повеќе од 10 случаи на семејно гласање. Гласачко место 1908 село Лабуништа, општина Струга, забележани 14 случаи на семејно гласање. Гласачко место 1905 село Лабуништа општина Струга повеќе од 35 случаи на семејно гласање.
На гласачко место 1253- општина Охрид регистрирани се два случаи во кои на гласачките ливчиња имало кандидат од друга општина. ОИК го евидентирала случајот и ја известила Државната изборна комисија, по што гласањето на ова избирачко место продолжило.