Од АМСМ информираат дека на патните правци Тетово – Попова Шапка, крак Маврово – Дебар, Дебар – Струга, како и на планинските премини Пресека и Стража, поради интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси, додека пак за патничките возила задолжителна е употреба на зимска опрема. На патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови на возила. На патниот правец Вратница – Јажинце, поради силен ветар и наноси од снег на коловозот, не се препорачува движење на тешки товарни возила. Патниот правец Скопје кон Македонски Брод, поради појава на голомразица е тешко прооден, особено за лесните моторни возила.

Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од снег од снег на коловозот.


OhridNews