Синоќа околу 20.50 часот на булеварот „Туристичка“, на пресекот со улицата„ Бистрица“, се случила сообраќајна незгода во која учествувале две патнички моторни возила, Фолсфаген со скопски регистарски таблици и БМВ со охридски таблици.
До незгодата дошло поради неодржување на соодветно растојание помеѓу двете возила, при што возилто со скопски регистарски таблици удрило во задниот дел од БМВ- то кое потоа удрило во бетонска ограда.
Во сообраќајната незгода со полесни телесни повреди се здобил возачот на БМВ- то кој бил пренесен во Специјализираната болница за ортопедија Св. Еразмо, по што е пуштен на домашно лекување.
Извесно време по сообраќајната незгода пронајдено било лицето кое го возело Фолсфагенот и кое по ударот го напуштило местото на незгодата. Против него, од страна на сообраќајната полиција ќе биде поднесена соодветна пријава .
OhridNews