Како што информираат од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување, нивото на водата во езерото, од вчера во 19 часот до сега е намалено за десет сантиметри.
Активностите во рамки на сложениот зафат за правење отвори во бетонската преливница на испусниот канал и понатаму се одвиваат, а во нивната реализација учествуваат екипа на специјализирана градежна компанија потпомогната од нуркачки тим на Дирекцијата за зашитата и спасување.
Денеска екипите успеале да отворат и трет отвор, а се работи на уште еден. Секој од отворите е во должжина од околу 2 метри, а широк триесетина сантиметри. Очекувањата се дека со забрзаното празнење на акумулацијата низ испустниот канал, ќе се намали притисокот врз оштетената земјена брана. За да се постигне посакуваниот ефект ниовото на вода во акумулацијата треба да се намали за најмалку еден метар. Се дотогаш, велат струшните лица, опасноста да се урне оштетената земјена брана и натаму е голема.