
Според информација од ЈП „Македонијапат“ на патниот правец Р 2238 Маврово – Галичник, 100 метри пред Царева Чешма сообраќајот се одвива отежнато поради излевање на вода на коловозот. На самото место е поставена соодветна сигнализација. Се препорачува овој патен правец да не се користи до негово санирање и нормализирање на сообраќајот.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
OhridNews











