Како што информираат од Царинската управа, дефектот кој предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија на граничниот премин Ќафасан е отстранет по што работењето на оваа царинска испостава се одвива непречено.

Поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија од вчера, од околу 18.00 часот до денес околу пладне, товарниот сообраќај на граничниот премин Ќафасан се одвиваше отежнато, додека пак, влезот на полни товарни возила беше целосно во застој.

OhridNews