Нормализирано е водоснабдувањето на корисниците во горната зона од стариот дел на градот по санирање на дефектот информираат од ЈП Водовод Охрид откако утрово од 9 часот повторно беше во прекин водоснабдувањето во овој дел од градот.

Дефектот на главната линија (профил ф250), која го снабдува со вода стариот дел на градот е саниран и водоснабдувањето е нормализирано, додаваат од претпријатието.

Утрово од претпијатието информираа дека неколкучасовниот прекин во водоснабдувањето беше поради компликации кои настанале во текот на ноќта на веќе санираниот дефект.

OhridNews