Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, д-р Никола Бакрачески има поддршка од 45,1 отсто, а на СДСМ Александар Петрески 32,4 отсто. Ова го покажува анкетата на Институтот Димитрија Чуповски спроведена телефонски во периодот од 07-17 март 2013 година, пренесува „Макфакс“.
Во анкетата пак на институтот за социјална демократија “ПРОГРЕС“, Александар Петрески има предност пред противкандидатот Никола Бакрачески. За Петрески според ова истражување се изјасниле 31,3 проценти од испитаниците, наспроти Никола Бакрачески за кого изјавиле дека ќе гласаат 22,6 од испитаниците. Во ова анкета советничката листа на Сојузот за изднината предност пред листата на коалицијата За подобра Македонија. Првите имаат поддршка од 26,2 проценти, додека вторите 20,4 отсто.Истражувањето било реализирано меѓу 13 – 17 март 2013 година.
За само три дена ова е 4-та анкета. Сите имаа различни резултати. Таа на институтите Павел Шатев и на Димитрија Чупоски му даваат предност на Бакрачески, додека пак, анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и на институтот Прогрес го фаворизираат актуелниот градоначалник Александар Петрески.
OhridNews