Новиот кошаркар Фил Хенри кој го ангажираше АВ Охрид во текот на минатата недела нема да има право за настап во мечевите од јадранската Втора АБА лига.

Преодниот рок во регионалното друштво е до 31 јануари, а 202-сантиметри високиот кошаркар во Охрид пристигна два дена после рокот дозволен за засилувања.

Охриѓани максимално се фокусирани на дуелот со Динамик кој ќе се одигра утре со почеток во 17 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.

– Нашата цел во Втората АБА лига е јасна и секој играме да акумулираме што повеќе искуство. Натпреварот со Динамик добро ќе ни дојде после поразот од Кожув во домашниот шампионат и ќе го искористиме за подигнување на самодовербата. – изјави тренерот на охриѓани, Петар Чочороски.

„Галебите“ со скор 1-15 се на последната позиција на табелата, додека Динамик со 7 победи и 9 порази го зазема 10-то место на табелата.

OhridNews