Нов снег утрово пона да паѓа во Охрид. Покривите се веќе побелени, а снег има и на коловозите што го отежнува одвивањето на сообраќајот.
Според последните информации на АМСМ, поради интензивни врнежи од снег и големи остатоци од снег на коловозот, забрани за движење на тешки товарни возила има на следните патни правци: крак Маврово-Дебар-Струга, Гостивар-Кичево преку Стража и Ресен-Охрид преку Ѓавато. На овие патни правци движењето за патничките возила е отежнато и се препорачува употреба на зимската опрема.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови и по влажни коловози, особено во западниот дел од државата. Врнежи од снег се бележат на планинските превои Пресека и Буково, но засега нема забрани на овие делници. Врнежи од снег има и во Гостивар, Кичево, Охрид, Струга и Битола.
Се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Појава на магла со видливост до 30 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Поради ниските утрински температури на повисоките и осојничави места можна е појава на голомразица. Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.