Навивачката група „Рибари“ Охрид викендов го одбележа 30-от роденден, а спектаклот со кој го прослави јубилејот е топ тема во земјата но и пошироко. Фотографии и видеа од досега невидена факелијада („баклијада“) на овие простори ги преплавија социјалните мрежи и специјализираните медиуми.

За „Рибари“ пишуваат балканските портали, но и највлијателните спортски медиуми кои ја следат тифо сцената во поширокиот регион, се до Полска.

Спектаклот на Рибари низ објективот на Димитaр Бирачоски

Како изгледаше спектакуларната прослава на „Рибари“ кои веќе три децении се заштитен знак на Охрид и поддршка на охридските спортски клубови погледнете и од видеото што го изработи екипата на OhridNews. во соработка со Кристијан Љушев.

Деновиве ќе биде објавен и специјален видео и фото материјал снимен од воздух, кој се подготвува.

OhridNews