Полицијата не можела да го спроведе обвинетиот од затворот во Прилеп поради безбедносни ризици, па судењето е одложено за на 19 септември.
Убиството се случи на 28 февруари на паркинг во Гостивар, кога Трифуновски кој не бил на работна задача со службениот пиштол ги застрела двајцата сограѓани.
По убиството во јавноста имаше повеќе веризии зошто се случило, дека се скарале за паркинг место и дека полицаецот пукал во самоодбрана за да ја заштити својата ќерка која беше со него.
Роднините на убиените пак тврдеа убиството било извршено ладнокрвно и дека полицаецот бил насилен. Трифуновски и претходно имал други кривични пријави за насилство.
Семејството на Трифуновски се наоѓа под полициска заштита надвор од Гостивар.По убиството во Гостивар беа организирани демонстрации во кои настрадаа објекти во сопственост на Македонци.
извор: Makfaks