-Овој јубилеј не прави среќни, горди и задоволни од тоа што нашата здравствена установа постигна во изминатите 30 години исполнети со многу премрежја, но и успеси. Горди сме на сите нови методи и процедури кои ги воведовме со цел да ја подробриме здравствената нега на населението во поширокиот региион. Меѓутоа овој јубилеј од друга страна не тера да подзастанеме за миг, да погледнеме наназад што сме направиле и во исто време да чекориме напред во реализацијата на нашите планови во иднина, истакна директорт на Заводот за кардиологија во Охрид, Д-р Никола Бакрачески.
Во Заводот за кардиологија годишно се вршат над 15 илјади амбулантни прегледи, повеќе од 30 илјади дијагностички процедури и се обавуваат од 1.500 до 1.700 интервенции, од кои околу 350 животозагрозувачки.
-До сега имаме изведено над 400.000 дијагностички процедури, над 180.000 амбулантски третирани пациенти и над 60.000 болнички третирани пациенти, тоа се бројки за почит, рече Д-р Бакрачески. Тој додаде дека заедно со Министерството за здравство се бара најдоброто можно решение за да се задоволат просторните потреби, неопходни за идниот развој на Заводот.
На одбележувањето на јубилејот, присуствуваше Министерот за здравство, Никола Тодоров, кој истакна дека Заводот за кардиологија прераснува во кредибилна здравствена институција, која е значаен сегмент од македонскиот здравствен систем.
-Овој завод нуди услуги од областа на кардиохиргијата, област која е исклучотелно значајна, бидејќи кардиоваскуларните заболувања се причина број еден за смртност кај луѓето во нашата земја и во светот воопшто. Од тие причини Министерството за здравство ќе донесе посебна програма која се надевам ќе започне да се имплементира од идната година, во која што значаен сегмент ќе има и Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларните заболувања од Охрид.-рече министерот Тодоров.