Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата „Ајде Македонија“, денеска во Охрид се спроведе кампањата “Македонија без отпад” која има за цел да придонесе за здрава и чиста животна средина и развивање на свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот.
Акција која беше поддржана од општина Охрид се спроведе на охридското Кале, каде екипи на Ј.П. „Охридски Комуналец“ го исчистија потегот од паркингот кај Горна Порта до месноста Лабино, потегот околу Самоиловата тврдина и локалитетот Плаошник до црквата Св. Јован Канео.
“Загадувањето на околината, на просторот пред и околу самите нас, покажува дека создавањето отпад во природата е не само еколошки туку пред се културолошки проблем. Затоа се потребни вакви активности кои носат едукација и нови вредности ,но сметам дека треба да се заостри и сприведувањето на казнената политика.Ако не ние како генерација тогаш наредната да создаде поинакова култура на однесување кон животната средина“-изјави Дејан Пановски од Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање.„
Во акцијата се вклучија и еколошките секции на општинските основни училишта „Св. Климент Охридски“, „Григор Прличев“, „Христо Узунов“ и „Братство Единство“ кои ги исчистија училиштните дворови.
OhriidNews