Утре се навршуваат 108 години од херојската смрт на охридскиот револуционер Христо Узунов.

По тој повод, утре, во 9 часот пред бистата на Узунов  во градскиот парк делегација на локалната самоуправа, на институции, здружението на граѓани „Богојавление“ и други, ќе положат свежо цвеќе.

Свежо цвеќе ќе биде положено и на споменикот на Христо Узунов, во Цер- Кичевско, кој го подигна здружението  „Богојавление“. Церемонијата ќе се одржи во 11 часот.

По тој повод организиран е бесплатен автобуски превоз за Цер, кој поаѓа во 9.30 часот од градскиот плоштад.

OhridNews