Веднаш по пријавувањето, интервенирале екипи при Противпожарната единица, од каде информираат дека пожарот е изгаснат.
Според првичните информации пожарот избил од оџакот од каде за кратко време била зафатена и ламперијата на бараката.
Од Противпожарната служба го повторуваат апелот до граѓаните за редовно оддржување на оџаците, кои се најчестата причина за избивање на пожарите.