Колкави оштетувања предизвикал пожарот, дополнително ќе се утврдува.
Истражни екипи се на терен, а полицијата работи на утврдување на причините за пожарот, кој ја вознемири јавноста.
Претходно во струшкото село Боровец беше оштетен осветениот триметарски крст, а во Октиси беа испишани графити на локалната црква. Дали инцидентот во с. Лабуништа е поврзан со немилите настани кои што се случуваат во струшко по протестите на муслиманските верници во петокот против навредливите маски на вевчанскиот карневал, или се работи за несреќен случај треба да покаже истрагата.
Во меѓувреме се прават напори за смирување на тензиите и ставање на состојбата по контрола. За таа цел градоначалникот на Струга и претставници на Комисијата за меѓуетнички односи и локалниот совет за превенција одржаа состанок со престатвници на месните заедници од селата со доминантно муслиманско население во струшко, на која, како што беше информирана јавноста се дискутирало за мерките за смирување на тензиите кои нарушуваат меѓуетничките односи.
Најавени се и повеќе средби на претставници на државните институции, со месното население, а состојбата будно ја следат и меѓународните претставници во земјата.