Три лица се повредени, од кои едно има прострелна рана, во оружен  грабеж на златарница, што се случи попладнево околу 18.30 часот во центарот на Струга.

Според првичните информации, повеќемина напаѓачи, вооружени и маскирани со фантомки упаднале во златарницата во која имало три лица. При нападот разбојниците раниле едно лице, а уште две биле повредени со удари најверојатно од оружје. Повредените се пренесени во струшката болница каде се згрижени. Според информациите од дежурниот лекар ранетиот е надвор од животна опасност.

-Примивме тројца повредени. Едниот од нив беше поврден од огнено оружје на неколку места, во пределот на скочниот зглоб на левата нога, исто така има и влезно излезна рана и неколку други проектили се забележуваат со чудна форма. Другите две лица се повредени со удари од кундак. Сите тројца се вон животна опасност, а поради природата на повредите, ранетото лице ќе биде префрлено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. изјави дежурниот лекар во струшката болница Берат Лена

Напаѓачите одзеле дел од златото или прометот од златарницата, по што со автомобил избегале во непознат правец.

На местото на настанот извршен е увид, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите.

OhridNews