„Безбедноста на децата во сообраќајот“ е темата на денешното предавање што Одделението за превенција при СВР Охрид го одржа во основното училиште „Св.Наум Охридски“ во Пештани. Темата е посебно адаптирана за учениците од прво и второ одделение и се одржа низ интензивен проактивен однос со најмладите.
Од СВР Охрид потенцираат дека во рамки на денешната сообраќајна едукација, на најмладите им беше презентиран практичниот тематски дел за безбедно движење по коловозот при нивното движење од домот до училиштето.
OhridNews











