Фудбалската федерација на Шпанија на ден пред почетокот на Мундијалот во Русија го отпушти селекторот Хулен Лопетеги кој вчера беше промовиран за нов предводник на Реал Мадрид.

Причината за отказот се тајните преговори со „кралевите“ во време кога репрезентативците, стручниот штаб и земјата треба и мора да бидат фокусиран на репрезентацијата која ќе биде дел од Светското првенство во Русија.

51-годишниот стратег кој ја предводеше „црвената фурија“ низ квалификациите за пласман на СП на клупата од Реал Мадрид ќе го наследи Зинедин Зидан, но нема да биде дел од „црвената фурија“.

– Во нашата федерација постојат некои правила на однесување кои мораат да се почитуваат. Лопетеги не ги испочитува правилата и мораше да биде санкциониран вака строго. Не е спортски да се преговара позади грб, кога сите очекуваме успех од нашата селекција. – изјави од шпанската федерација.

Шпанија првиот меч на Светското првенство во Русија го игра во петок во 20 часот против европскиот шампион Португалија.

OhridNews