Водици е празник кој масовно се одбележува во земјата. Сепак во охридско – струшкиот регион традицијата е посебна. Таа се пренесува и негува од генерација на генерација. Исклучок не се ниту помалите места. Во река, извор, бунар, крстот за Водици се положува во осветени води.

Така беше и оваа година во охридското село Рамне, каде меѓу најхрабрите, највешт беше малиот Петар Трајчески, кој го фати крстот за Водици.

Здравје, среќа и бериќет да го прати Петар, му посакуваат од Месната зедница.

Во Љубаништа, пак, најсреќен беше Бојан Ристески.

Водици се одбележа и во Ливоишта. Најсреќен од капашите Петар Ангелески.

Свечено за празникот Водици денеска беше и во Пештани.

Најсреќен помеѓу капашите во Пештани Петар Цаноски, кој прв доплива до крстот.

Убавата традиција за Водици годинава продолжи и во другите населени места во регионот каде овој празник од секогаш се славел со посебни чувства и достоинствено.

OhridNews