Четириесет и шестгодишниот работник на „Македонски шуми“, кој се здоби сотешки изгореници од пожарот кај Струмица, почина попладнево на Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Тој е брат на претходно починатиот Б. С.(50) исто така вработен во „Македонски шуми“. Двајцата имаа изгореници на над 90 отсто од телото. Починаа денес во временска разлика од еден час.

Во пожарот кај Струмица повредени беа петнаесет лица од кои пет сериозно, кои синоќа беа пренесени во скопската градска болница. Кај тројца од нив, меѓу кои и сега веќе починатите, констатирани биле над 90 отсто изгореници, што предизвикало откажување на виталните органи.

Еден од повредените има 50 отсто изгореници и неговата здравствена состојба се подобрува информираат од Градската болница, додека петиот повреден, малолетно момче е надвор од животна  опасност и се очекува денеска да биде пуштен на домашно лекување.

OhirdNews