Поради густа магла на скопскиот аеродром Александар Велики попладнево бее откажани полетувањата на сите редовни линии.
Дел од летовите се пренасочени на охридскиот аеродром и на аеродромите во соседството.
– Поради густата магла што денеска го зафати скопскиот регион, неколку авиокомпании одлучија да ги откажат или да ги пренасочат своите летови од скопскиот кон други аеродроми, додека одреден број се одложени. Како и досега, „ТАВ Македонија“ ги советува патниците да ја прегледуваат интернет-страницатаhttp://skp.airports.com.mk каде што се објавуваат последните информации за состојбата на летовите или, пак, да стапат во контакт со авиокомпаниите кои одлучуваат за одложување или за откажување на летовите. Временските услови се следат постојано и сите евентуални промени ќе бидат објавени на веб-порталот на „Александар Велики“. – информираат од ТАВ.
OhridNews