
Според досегашните информации во пожарот нема жртви. Вработените навреме биле евакуирани, а неклколку лица се хоспитализиранипоради вдишување чад.
Голем број противпожарни возила го гаснат големиот пожар, кој според непотврдени информации е предизвикан од експлозија на плинска боца, јавува репортерот на Макфакс
Крстосницата кај централната зграда на Македонски пошти е затворена за сообраќај, и местото го обезбедуваат бројни полициски екипи со повеќе возила, а на теренот се присутни и возила на Брзата помош.
На местото на инцидентот пристигна и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.












