Обновено: Пожарот на „130-та“ изгаснат, целосно изгоре покрив на семејна куќа
04.12.12 13:41
Вистинска драма утрово се случуваше на улицата „130“ во населбата Радојца Новичиќ. Околу 8 часот и 40 минути пожарот кој изби во една од куќите, целосно ја уништи кровната конструкција на објектот при што причинета е огромна материјална штета.
Како што информираат од Противпожарната служба, од соседството било пријавено дека гори оџак од приватна куќа. Целата мобилна единица се упатила на лице место, при што е утврдено дека зафатена е целата кровна конструкција. На помош биле повикани сите возила и вработени од Противпожарната служба, а околу 16 пожарникари неколку часа се бореле со огнената стихија.
Командирот на Противпожарната служба од Охрид, Спасе Прентоски, истакна дека со присебноста на пожарникарите спречена е поголема катастрофа. „Пожарот е веќе изгаснат , но предизвикана е голема материјална штета. И во овој случај како и во оној кој се случи минатата недела во стариот дел од градот , пожарот избил поради неисчистен оџак. Станува збор за нова куќа, и за жал изгорен е голем дел од објектот.“ – информира Прентоски.
Од оваа служба упатуваат апел до граѓаните редовно да ги чистат своите оџаци, со цел спречување на вакви настани кои можат да доведат до несакани трагедии. Во двата случаи на опожарени киќи во само една недела, за среќа нема човечки жртви.
Меѓународниот трговски бренд SPAR денес ги отвори вратите за охриѓани Со свеченост на која присуствуваа менаџерскиот тим, вработени и бројни граѓани беше отворен првиот маркет на SPAR во Охрид лоци...
Денес, 14 октомври, во 14 часот, во Охрид мол ќе биде отворен првиот SPAR маркет во Охрид Со новото продажно место, меѓународниот трговски бренд ја продолжува својата експанзија во Македонија, каде...
ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 16102026 год(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од УЗ3 и УЗ4: населби Кошишта, Воска и...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.