Планинскиот превој Пресека сеуште не е оспособен за безбедно одвивање на сообраќајот. Од двете страни полицијата, наизменично ги пропушта само автомобилите и тоа по неколку возила на кратки временски интервали. За сите останати возила превојот е затворен за сообраќај поради голомразица и замрзнати остатоци од снег на коловозот.

Од А.Д. „Галеб“ информираа дека автобусот кој сообраќа на линија Охрид – Скопје преку Кичево во 10.45 не отпатува, а автобусот што тргнува во 13.45 за Скопје ќе се упати преку Битола.


Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива отежнато, во зимски услови по влажни коловози на места со остатоци од снег, и лизгави поради ниските температури и појавата на голомразица. На патниот правец Маврови Анови – Дебар во сила е забрана за движење на секаков вид моторни возила. Не е прооден патниот правец с.Маврово-Никифорово-Леуново-Бунец.

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Струга- граничен премин Ќафасан, на планинските превои Стража и Буково. На Попова Шапка повторно е воведена забрана за сообраќај на автобуси. На повисокиот дел на планинскиот премин Плетвар има магла со видливост до 50м. На возачите им се препорачува крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење по лизгавите и со остатоци од снег коловози и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.


 

OhridNews