Претседателот на Советот на јавните обвинители, Петар Аневски, денес поднел оставка од функцијата, брифираат извори во Советот. Иако сè уште информацијата не е официјално потврдена, најверојатно станува збор само за престанок на функцијата претседател, а не и на членството во Советот.

Во меѓувреме, обвинителката Лилјана Спасовска е назначена за в.д. на функцијата јавен обвинител до изборот на нов државен јавен обвинител, кој се очекува да заврши по изборите. Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години, со право на повторно именување.

Спасовска беше поставена за заменик во случај на спреченост или отсуство на републичкиот јавнен обвинител. Обвинителката Лилјана Спасовска јавноста ја знае по случајот „Монструм“ кога таа беше обвинителка на јавната расправа што се одржа по жалбите на обвинетите во овој случај, осудени на доживотен затвор.

OhridNews

Макфакс