Судот во Скопје му одреди мерка притвор до 30 дена на поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков за настаните од 27-ми април во Собранието на Република Македонија. Чавков бил спороведен во истражниот затвор во Шутка.

Притвор добил и оперскиот пејач Игор Дурловски кој тогаш беше еден од водачите на иницијативата „За заедничка Македонија“, инаку организатор на протестот, како и уште десеттина од осомничените лица кои денеска беа приведени од полицијата по наредба на Јавен  обвинител.

На пратеничката Жаклина Пешевска судот и одредил мерка куќен притвор, а мерка притвор им била изречена и на други пратеници инволвирани во случувањата на 27-ми април. Нив од притвор ги штити пратеничкиот имунитет, за што утре на барање на судот ќе расправа парламентот.

Меѓу приведените има неколкумина охриѓани, пратениците Љубен Арнаудов и Сашо Василески, како и еден од фронтмените на иницијативата „За заедничка Македонија“, а подоцна член на Извршниот одбор на ВМРО ДПМНЕ Богдан Илиевски, познат во јавноста како Бетмен Велит.

Обвинителството сомничи вкупно 36 лица за а сторено кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ од член 313 од Кривичниот законик.

OhridNews