Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков утрово е приведен во голема полициска акција за расветлување на инцидентоте во Собранието на Република Македонија што се случија на 27-ми април, што била спроведена по налог на Јавното обвинителство.

Меѓу приведените, неофицијално, се и пратеници и поранешни државни функционери од Охрид.

Како што неофицијално се дознава, во акцијата биле приведени и актерот Владо Јовановски, познатиот оперски пејач Игор Дурловски, пратеничката Жаклина Стефановска, пратеникот Крсто Муковски, пратеникот Љубен Арнаудов од Охрид, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, и други.

OhridNews