Петмина странски државјани утрово околу 3.30 часот го оштетиле државното знаме поставено на јарболот во центарот на Охрид.

МВР првично соопшти дека инцидентот го предизвикале холанѓани, но во текот на истрагата било утврдено дека се работи за тројца жители на Австралија, еден на Нов Зеланд и еден англичанец.

Против нив поведена е прекршочна постапка.

Основниот суд во Охрид по брза постапка на предизвикувачите на инцидентот им изрече мерка протерување од државата. Исто така изречена им е и забрана за влез во Република Македонија во период од 5 години, како и парична казна од 1000 евра.

OhridNews