Разбојништво се случи доцна попладнево во центарот на Охрид. Како што дознава OhridNews, непознат сторител(и) насилно упаднал во менувачница во трговскиот центар Амам, од страната на булеварот „Македонски Просветители“.
Засега нема информации за повредени, дали и колку пари биле одземени од менувачницата. Неофицијално, според очевидци, разбојниците не успеале да одземат парични средства но физички била нападната вработената во менувачницата.
Од СВР Охрид вечерва не соопштија детали за немилиот настан. Кусо информираа дека на местото на настанот извршен е увид од страна на полицијата, и дека истрагата се уште трае.
Повеќе информации полицијата најави дека ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.
OhridNews













