“Заштити го Блатото, сочувај го златото”, е мотото на проектотза заштита на Студенчишко блато кој ќе биде промовиран идната сабота на 24-ти ноември.

Проектот кој го иницираше Билатералниот секретаријат при МЖСПП е дел од проектот за заштита на биодиверзитетот на езерата во Дримскиот Басен кој е финансиски поддржан од германското друштво за соработка ГИЗ.

Во спроведувањето на проектот ќе учествуваат преставници од Министерството за животна средина, Локалната самоуправа Охрид, научните институции, како и претставници на невладиниот сектор.

OhridNews