Македонија и Шведска во драматичен натпревар одиграа нерешено 26:26 на отворањето на Европското, чиј домаќин е Србија.

Швеѓаните на полувремето водеа со 14:13, благодарение на бројните исклучувања во редовите на македонската репрезентација. Во вториот дел Македонија започна фуриозно, направи пресврт и поведе, но потоа уследи голем пад во играта што го искористи противникот кој во последните 7 минути влезе со големи 3 гола предност. Уследи серија од 4:0 на Македонија, но викинзите успеаа да израмнат на 26:26, што беше и конечен резултат. Лазаров со избрзан удар се обиде да и донесе победа на Македонија но безуспешно. На швеѓаните им преостанаа 60 секунди за победа но и тие не реализираа, по што Македонија имаше 15 секунди за напад во кои не успеа да постигне гол.


Следниот натпревар македонската ракометна репрезентација го игра во вторник против Германија, која на отворањето на шампионатот загуби од Чешка.

Натпреварот што се играше во Ниш го следеа над 3000 македонски навивачи, кои како да беа помалку истрошени. Со поголема поддршка од нивна страна и корекции во играта, Македонија има што да каже на натпреварот со „панцирите“.


OhridNews