На предлог на владата, Собранието денеска по итна постапка го изгласа Предлог-законот за измена и дополнување на Изборниот закон со кој се
определува дополнителен рок за поднесување листи  за кандидати за
советници и за градоначалници за локалните избори до 3 март.

За гласаа сите 68 пратеници присутни на денешната 56-та седница на Собранието.

Претходно предлогот го образложи Гордана Јанкулоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Таа нагласи дека со ова ВМРО ДПМНЕ покажува конкретна иницијатива за надминување на политичката криза и заштита на државните интереси.

OhridNews