Ден по одржувањето на локалните избори, започнаа и калкулациите за тоа како ќе изгледа составот на новиот совет на општина Охрид.
Според првичните неофицијални информации на Државната изборна комисија, во советничките столчиња на охридскиот совет ќе седат 11 советници од СДСМ и коалицијата, 10 од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и два советника од коалицијата ДУИ, БЕСА, Алијанса за Албанците.
Според податоците на Државната изборна единица, во општина Охрид најмногу гласови доби советничката листа на коалицијата предводена од СДСМ – 15.198, пред листата на ВМРО ДПМНЕ со освоени 12.871.
OhridNews












