-Денеска донесовме одлука за престанок на членство во редовите на СДСМ, на Владо Бучковски, на Димитар Бузлевски и ја потврдивме одлуката на Општинската организација на Куманово за престанок на членството во редовите на СДСМ на Виктор Цветковски.-изјави на прес конференција денеска во Скопје, претседателот на СДСМ БранкоЦрвенковски.

Тој истакна дека причините за исклучувањата биле различни.

– Виктор Цветковски и Димитар Бузлевски се кандидираа и ги објавија своите кандидатури за независни кандидати, а согласно Статутот на СДСМ, доколку некој се кандидира за независен кандидат или е на листа на друга политичка партија, без согласност на матичната партија односно СДСМ, е основ за исклучување на партијата.-рече Црвенковски.

Тој посочи дека причина за исклучувањето на Владо Бучковски е функционирање и работење спротивно на интересите на партијата и за нанесување штета на СДСМ. Бучковски, пак, во изјава за медиумите изрази очекување дека на конгресот во мај ќе дојде до промени во партијата и исклучените членови ќе бидат вратени во СДСМ.

-Господ нека му прости, не знае што прави, изјави за Телма поранешниот претседател на СДСМ и екс – премиер Владо Бучковски.

-Таквата одлука не е согласна на Статутот на СДСМ, јас верував дека во партијата има искусни правници кои треба да знаат дека исклучувањето се прави во постапка и дека Централниот одбор не може некого да исклучи без да ги слушне неговите аргументи. Но, како и  да е, јас оддамна сум кренал раце од „губитничкиот СДСМ на Црвенковски“. Ќе го сочекаме неговото повлекување од лидерската функција на пролет, па ќе ја поништиме оваа одлука, изјави Бучковски.

Централниот одбор на партијата денеска ги прими Есад Рахиќ и Никола Ќуркчиев.

OhridNews