
Партијта денеска соопшти дека еден од условите под кои СДСМ е подготвена да излезе на избори е за први луѓе на министертвата за внатрешни, финансии и министерството за правда, да се постават луѓе прифатливи за опозицијата и за власта, пренесува „Макфакс“.
Исто така ќе се бара за директор на МРТВ да се постави лице кое ќе ја има довербата од сите и власта и опозицијата.
Според извори во партијата, има поделени ставови околу тоа дали СДСМ треба воопшто да поставува услови или да остане доследна на своите најави и да оди на бојкот.
Се уште не решено и дали останува условот што го имаа социјалдемократите пред минатите предвремени парламентарни избори, за рамномерна распределба на парите за реклами.
Лидерот Бранко Црвенковски наводно бара и доследна примена на препораките од ОБСЕ/ОДИХР во изборната регулатива, целосно прочистување на избирачкиот список, како и засилен меѓународен мониторинг.












