Истите информираат дека на седницата се дискутирало и за можноста за учество на изборите, но по изнесување на различни мислења на крајот едногласно било одлучено да се бојкотираат изборите доколку не се исполнат партиските барања.
Една од опциите за кои се дискутирало на седницата, бил предлогот на дел од учесниците- здружената опозиција да излезе на избори доколку тие се одложат за еден месец.
Седницата на Централниот одбор следуваше откако вчера владеачкото мнозинство во Собранието на Република Македонија изгласа измени во Изборниот законик за продолжување на рокот на кандидирање за локалните избори до 3 март.