
Заев истакнува дека опозицијата го прифаќа предлогот на претседателот Ѓорѓи Иванов за конституирање на експертска комисија пред почетокот на изборната кампањата и предлогот на премиерот Никола Груевски заедно да го донесат изборниот законик со вградени препораки на ОБСЕ и ОДИХР и да испратат заедно позитивна порака до меѓународната зедница.
Не постои можност за било каков политички договор за предвремени парламентарни избори, ниту постои можност за прифаќање на било какви уцени од страна на СДСМ, соопшти денеска владејачката ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму со дециден став дека не постои можност за одложување на локалните избори кои се закажани на 24 март 2013 година.
-Сите други идеи за надминување на кризата создадена од СДСМ, а планирана од нивна страна уште од месец јуни, во кои не се содржани овие две точки, ВМРО-ДПМНЕ внимателно ќе ги анализира и ќе се произнесе.-стои во соопштението.
Од друга страна, пратеникот Оливер Спасоски, денеска на прес конференција демантираше дека СДСМ предлага локалните избори да се одложат за 7-ми април без предвремени парламентарни избори.
Како што најави Спасовски, од следната недела, „Сојузот на иднината“ ќе продолжи засилено со различни форми на протести, со цел излезе од политичка криза.
Ваквите информации ги подграа шпекулациите дека во СДСМ постои разногласие во однос на одлуката за бојкот на локалните избори.












