Покрај победата во трката за градоначалник, СДСМ освои најмногу гласови и за листата на советници.
Според податоците на Државната изборна единица, најмногу гласови добила коалицијата предводена од СДСМ – 15.198, пред ВМРО ДПМНЕ – 12.871.
Каков ќе биде распоредот во 23-члениот совет на Охрид, останува да се сочека конечниот извештај на ОИК и ДИК, по кој ќе се знае точната распределба на мандати во советот.
OhridNews












